Последниот филм на Квентин Тарантино чија премиера е закажана за 9. август 2019 година, доби нов датум на прикажување.
Режисерот неодамна ја почна продукцијата на филмот „Once upon a time in Hollywood“ чија премиера беше најавена за 9 август следната година, односно на датумот на педесетгодишнината од убиството на актерката Шерон Тејт, кое го направија членови на култот Чарл Менсон.
Сепка, изгледа оти познатиот режисер нема да може да ја исполни желбата бидејќи Сони реши да ги избегне сите контроверзии, но и инцидентот кои би можеле да настанат од страна на поддржувачите на Менсон.
Токму поради тоа Сони го смени датумот на објавување на филмот за неколку недели.
Светската премиера на филмот „Once upon a time in Hollywood“ е закажана за 26. јули 2019. година.