недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Принцот Хари со интригантен трејлер за нов документарец на Нетфликс (ВИДЕО)

Принцот Хари со интригантен трејлер за нов документарец на Нетфликс (ВИДЕО)

Принцот Хари неодамна го најави својот нов документарен филм наречен „Heart of Invictus“, а сега беше објавен и првиот официјален трејлер.

Филмот, кој ќе се прикажува на Нетфликс од 30 август, е производ на наводниот договор од 80 милиони фунти меѓу семејството на принцот Хари и стриминг гигантот, каде споменатиот гигант наводно платил три милиони фунти за филмските права на романот, кој во продукцијата ќе му помогне војводата од Сасекс, пишува DailyMail.

Оваа продукција покажува како ветераните учат повторно да бидат дел од заедницата. Во трејлерот кој беше објавен, во првите кадри е принцот Хари кој зборува за игрите и борбата за враќање во заедницата.

„Што и да носите е отскочна даска што ве издига на следното ниво“, вели војводата од Сасекс, додавајќи:

„Игрите не се фокусираат на она што ја предизвикува повредата, туку на закрепнувањето во однос на тоа како да бидете дел повторно на заедницата“.