Барбара Броколи, продуцентката на филмовите за Џејмс Бонд, изјави дека новиот филм 007 не доаѓа наскоро. Таа објасни дека не им се брза и дека следната продукција ќе почне да се снима „за најмалку две години“.
Броколи, која ја создава франшизата за Бонд заедно со нејзиниот полубрат Мајкл Г. Вилсон, рече дека сè уште се обидуваат да изберат наследник на Даниел Крег (кој досега го играше Џејмс Бонд) и не брзаат да го сторат тоа.
Барбара, исто така, навести за некои големи промени кога станува збор за ликовите во новиот филм за Бонд, и посочи дека можеби ќе вклучат агент на MI6 во следниот дел.
Поради гласините за тоа кој ќе стане седмиот актер кој ќе го игра Бонд, Барбара инсистираше дека во моментов немаат никој во трката за улогата.
Рекла и дека таа и Мајкл не почнале да го пишуваат сценариото за претстојниот филм за агентот 007 затоа што прво сакаат да донесат одлуки за кастингот и како ќе пристапат кон следниот дел, пишува „Дејли мејл“.