Одборот на директори на Асоцијацијата на филмските фестивали во Франција ја избра Ирис Ноблох, поранешна шефица на „Ворнер брос“ во земјата, за претседателка на Канскиот филмски фестивал.
– Советот на Асоцијацијата ја назначи Ирис Ноблох за прва жена претседателка на Канскиот филмски фестивал. Таа ќе ја преземе функцијата на 1 јули со тригодишен мандат, се вели во соопштението.
Според прописите на фестивалот, претседателот се избира со тајно гласање.
– Мило ми е што Ирис Ноблох ќе ни се придружи и среќен сум што нејзе ѝ ја препуштам „диригентската палка“, бидејќи таа несомнено ќе покаже визија и талент на нејзината нова позиција, изјави Пјер Лескор, актуелен претседател на фестивалот.
Ноблох досега, 15 години, работела во „Ворнермедија“ за Франција, Бенелукс, Австрија, Германија и Швајцарија. Има глумено и во филмови на Клинт Иствуд, Кристофер Нолан, Стенли Кјубрик и Стивен Содерберг. Во 2008 година, таа ја доби почесната титула кавалер на францускиот Орден на Легијата на честа (Chevalier de l’Ordre de la Legion d’Honneur).
Филмскиот фестивал во Кан оваа 2022 година ќе се одржува од 17 до 28 мај. (МИА)