среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Публиката врескаше од страв, а Сајмон не можеше да гледа: Ова е најопасниот настап изведен на сцена (ВИДЕО)

Публиката врескаше од страв, а Сајмон не можеше да гледа: Ова е најопасниот настап изведен на сцена (ВИДЕО)

Во првата епизода на новата сезона се претставија како The Vardanyan Brothers, браќа од Ерменија кои покажале извонредни акробатски вештини.

Публиката и жирито биле воодушевени сѐ додека не ги извадиле мечевите.

Најстрогиот член на жирито, Сајмон Кауел сакал да го прекине настапот на двајцата акробати кои го покажаа најопасниот перформанс некогаш во шоуто Британија има талент.

Прво правеле баланс на нозете и рацете, а потоа само на рацете. Публиката и жирито биле воодушевени, но потоа извадиле остри мечеви.

„Дали сте вие сериозни? Каде ќе го ставите тоа?”, прашал Сајмон кој не можел ниту да помисли што ќе направат браќата.

Тие ги ставиле мечевите во уста и потоа се обидувале да балансираат само со врвот на мечот.

Од публиката се слушало врескање од страв дека некој ќе биде повреден доколку не успеат добро да избалансираат, а Сајмон своето лице го покривал со рацете.

„Може ова да се прекине? Ова е премногу за мене”, рекол Сајмон откако браќата успешно ја завршиле својата изведба.