Атрактивната мексиканско-американска актерка Салма Хајек го претстави трејлерот за својот нов филм кој, јасно е уште на прв поглед, ќе ја плени публиката.
Атрактивната актерка, која во септември го прослави својот 56-ти роденден, изгледа неверојатно, а сега ја воодушеви својата публика во трејлерот за „Magic Mike’s Last Dance“.
Хајек ја глуми партнерката на стриптизетот Мајк, кој го игра Ченинг Тејтум, а една од сцените што особено им се допадна на гледачите е онаа каде парот изведува секси танц.
„Дојде и ми го подари овој магичен, неочекуван момент што ме натера да се сетам која сум навистина“, вели актерката во сцената, а под трејлерот има коментари на обожавателите кои напишале дека поради Салма со нетрпение го очекуваат ова продолжение на филмот.
„Magic Mike’s Last Dance“ првично беше потврдено дека се снима во ноември минатата година, а премиерата е планирана на Денот на вљубените. Иако сè уште не се познати конкретни детали за филмот, Ченинг вети дека ова ќе биде најдоброто продолжение досега.
Исто така, Хајек истакна дека нејзината улога во филмот ѝ е „најсилниот женски лик досега“, и дека љубовната приказна со Тејтум ќе биде нешто силно и посебно.
Првиот филм „Magic Mike“ беше објавен во 2012 година. Режисер е Стивен Содерберг, а во главните улоги покрај Тејтум беа и Метју Меконахи и Џо Манганиело. Второто продолжение беше објавено три години подоцна.
Филмовите добија позитивни критики од критичарите, но и од гледачите, со кои трилогијата брзо стана хит.