Холивудскиот глумец Ченинг Тејтум е во завршни преговори за улога во филмот „Изгубениот град Д“ (The Lost City of D), во којшто ќе се појави и Сандра Булок.
Филмот ќе се снима под режисерската палка на Адам и Арон Ни, а во продукција на „Парамаунт пикчрс“.
Според првите информации, Тејтум и Булок треба да глумат колеги кои заедно ја промовираат нејзината книга. Заплетот доаѓа при киднапирањето и двајцата се здружуваат за да се спасат. Па, се појавуваат и чувства, што дополнително ја усложнува целата приказна…
Идејата за овој филм е на Сет Гордон, а сценариото го напиша Орен Узиел.