четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

„Се беше добро до тој момент“ – Камерите ги фатија реакции по шлаканицата на Оскарите (ВИДЕО)

„Се беше добро до тој момент“ – Камерите ги фатија реакции по шлаканицата на Оскарите (ВИДЕО)

Очекувано, 94-то доделување на Оскарите стана хит, а штом Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок, на Твитер почнаа коментарите. Публиката особено ја интересираше реакцијата на актерката Никол Кидман, која во неверување со отворена уста гледаше се.

Освен неа, оние кои внимателно ја следеа церемонијата, успеаја да ги овековечат реакциите на другите актери кои беа слични на онаа што ја имаше Никол Кидман.

Сè се случи кога Крис Рок го претстави најдобриот документарец на Оскарите, попатно шегувајќи се со избричената глава на Џејд Пинкет Смит споредувајќи ја со изгледот на Деми Мур во филмот „G.I. Џејн”

Рок рече дека едвај чека да ја види Пинкет Смит, како глуми во „G.I. Џејн 2“, што го натера Смит да излезе на сцената и да го удри Рок.

Многу фанови, но и присутните, беа разочарани од постапката на Смит, велејќи дека доделувањето поминало убаво се до тој момент кога Вил Смит пробал да биде „вистински маж“ и да се покаже пред сите по турбуленциите во врската со Џејда.

По инцидентот, Смит ја доби наградата за најдобар актер за филмот „Кралот Ричард“.

„Сакам да бидам посредник за љубовта, сакам да им се заблагодарам на Венера и Серена, на целото семејство Вилијамс што ми ја довери приказната. Тоа е она што сакам да го правам, да бидам амбасадор на љубовта, грижата, вниманието. Сакам да им се извинам на Академијата и на номинираните, ова е прекрасен момент и не плачам затоа што ја освоив наградата. Но, за љубов луѓето работат луди работи. Многу работи се многу комплицирани за мене, но – ти благодарам за оваа чест, во овој момент, ти благодарам во име на Ричард и во име на целото Вилијамс семејство. Се надевам дека Академијата повторно ќе ме покани“.