Македонската учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Валери Димовска беше дисквалификувана од музичкото шоу.
Имено, како што пишуваа српските медиуми, Валери била дисквалификувана бидејќи не се појавила на снимање на музичкото шоу затоа што била болна односно позитивна на Ковид 19.
По тој повод, се огласи и македонската кандидатка. Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“ таа истакна дека третпат се заразила со коронавирус и не можеле да ја префрлат во 4 круг бидејќи тоа немало да биде фер кон другите кандидати.
Таа истакна дека ќе се пријави и следната година.
Валери беше под менторство на Ѓорѓе Давид.