Откако во понеделникот започна истрагата за инцидентот што се случи на овогодинешното доделување на Оскарите, Академијата за филмски уметности и науки вчера го објави своето прво соопштение.
Тие тврдеа дека го замолиле актерот Вил Смит да замине веднаш по шамарот што му го удри на Крис Рок на церемонија која се емитуваше во живо пред милионската публика ширум светот, но дека актерот одбивал да го стори тоа.
Имено, против актерот ќе се покрене дисциплинска постапка бидејќи ги прекршил правилата на однесување на Академијата кои вклучуваат несоодветен физички контакт, упатување закани и нарушување на угледот на Академијата.
Иако решително го осудија неговиот потег, не е сосема јасно дали Смит навистина бил непожелен да остане до крајот церемонијата. Сепак, тој набргу по физичката пресметка со комичарот го прими својот прв Оскар и одржа прилично емотивен говор, се расплака, а присутните го почестија со силен аплауз.
Многумина беа шокирани и од фактот дека тој со своето семејство присуствуваше и на забавата на „VanityFair“ која традиционално се одржува веднаш по доделувањето на престижните награди.
Првите луѓе на Академијата се плашеле да го избркаат Смит?
Од друга страна пак, инсајдери сега тврдат дека никој не се ни обидел да го избрка Смит од салата, туку дека се случило токму спротивното.
Извор близок до Смит за „ТМЗ“ изјавил дека продуцентот на Оскарте, Вил Пакер му пришол на актерот веднаш по инцидентот му рекол дека не сакаат да си заминат.
Оваа теза беше поткрепена со тврдењата на актерката Вупи Голдберг, која рече дека главните луѓе на Академијата биле премногу исплашени од непредвидливоста на Смит и дека доколку инсистираат на негово заминување, тој може да испровоцира друга сцена пред камерите…
„Ако Вил се бори, а вие се обидувате да го извлечете низ вратата, тоа ќе се случи пред камера. Не го избркаа затоа што се плашеа од нови сцени“, изјави Вупи, а расте бројот на револтираните од реакцијата на Академијата по овој скандал во живо.