Шеф Марк се одјави од популарното кулинарско шоу „Брза кујна.“ Марк де Јонг информира дека по поминати 7 сезони во шоуто подготвен е за нови предизвици.
Преку социјалните мрежи тој се заблагодари за сета позитивна енергија и добрите желби кои ги добил.
-Ми беше задоволство седум сезони да бидат дел од тимот на Брза кујна. 7 години, 1.400 емисии, 1.400 асистенти со кои заедно подготвувавме слатки изненадувања за гледачите пред малите екрани, но и за присутните во студиото. Поминавме убави моменти заедно, но по 7 години потребен ми е нов предизвик, нова авантура, напиша шеф Марк на Фејсбук.
Дали само нов предизвик е причина за неговото заминување не е познато, но во претходна објава тој напиша дека „се надева оти е јасно зошто нема да биде дел од следната сезона“.
Како и да е, гледачите му посакаа среќа во новата авантура и му се заблагодарија за добрите идеи и рецепти за предјадење, ручек и десерт кои ги подготвуваше во „Брза кујна“.