недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Телетабиси се враќаат, но со промени: Нетфликс објави трејлер (ВИДЕО)

Телетабиси се враќаат, но со промени: Нетфликс објави трејлер (ВИДЕО)

Тинки Винки, Дипси, Лаа-Лаа и По се враќаат во новото рестартирање на „Телетабиси“ чија премиера ќе биде во ноември на Нетфликс. Објавен е трејлер во кој се видливи некои промени.

Така, во новите епизоди нема да има повеќе популарно сонце-бебе. Сега ќе има две сонца со две нови бебиња. Во новите епизоди можеме да ги видиме Телетаби како бебиња.

Враќањето на Телетабиси беше најавено во септември. Според соопштението, серијата за предучилишна возраст ќе ги следи Телетабиси додека учат и растат во 21 век. Секоја од 12-те епизоди ќе вклучува и нова и оригинална песна „Tummy Tales“.

Рејчел Бејнарт, Ребека Хајланд, Ник Чи Пинг Келингтон и Џеремаја Краге се новите изведувачи на Телетабиси.