петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Том Круз ќе го претстави продолжението на „Топ Ган“ на Канскиот филмски фестивал

Том Круз ќе го претстави продолжението на „Топ Ган“ на Канскиот филмски фестивал

Американската филмска ѕвезда Том Круз ќе го претстави продолжението на филмот „Топ Ган“ со поднаслов „Маверик“ (Top Gun: Maverick) на годинешниот 75. Меѓународен филмски фестивал во Кан.

– Том Круз се враќа во Кан со филмот „Топ Ган: Маверик“, што ќе биде прикажан на 18 мај, најави организаторот на фестивалот, Тјери Фремо.

Том Круз (59) се прослави со својот прв долгометражен филм во 1986 година, а во новиот филм, глуми заедно со Џенифер Конели, Вал Килмер, Ед Харис и други.

Годинешното издание на фестивалот ќе се одржи од 17 до 28 мај. Составот на жирито сѐ уште не е познат, додека листата филмови во трката за „Златната палма“ ќе биде објавена на 14 април. Лани, француската режисерка Јулија Дукурно ја доби наградата за своето дело „Титан“. (МИА)