сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Том Круз ќе сними филм во вселената, ќе биде првиот цивил којшто прошетал надвор од вселенската станица

Том Круз ќе сними филм во вселената, ќе биде првиот цивил којшто прошетал надвор од вселенската станица

Баш кога сте помислиле дека Том Круз го постигна својот најголем можен кинематографски триумф – продолжението на „Top Gun“, ѕвездата на блокбастерот има нова идеја.

Том Круз ќе снима филм во вселената!

Круз се здружил со режисерот Даг Лиман на филмската претстава која вклучува снимање во вселената, а која првпат била претставена во 2020 година пред пандемијата на Ковид-19 да го земе својот замав.

Се зборува дека Круз и Лиман го контактирале „Universal Filmed Entertainment Group“ (UFEG) околу идејата според која актерот ќе полета со ракета до Меѓународната вселенска станица.

„Мислам дека Том Круз нè води во вселената, тој го води светот во вселената. Тоа е планот. Имаме прекрасен проект во развој со Том… Летот со ракета до вселенската станица и снимање“, изјавила претседателката на IFRG, Дона Лангли за „BBC News“.

Ленгли открила дека поголем дел од филмот ќе се сними на Земјата, а ќе кулминира со заминување на ликот во вселената за да го спаси денот, додавајќи дека Круз ќе стане првиот цивил којшто ќе прошета во вселената надвор од вселенската станица.