сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

„Top Gun: Maverick“ заработи 134 милиони долари за време на викендов

„Top Gun: Maverick“ заработи 134 милиони долари за време на викендов

Новиот филм на Том Круз „Top Gun: Maverick“ заработи 134 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето во 4.732 кина во Северна Америка, а упатените веруваат дека акционата авантура на „Paramount“ и „Skydance“ денес може да заработи 151 милион долари, иако очекувањата биле многу помали.

„Variety“ пишува дека ова е резултат на одличните критики, огромната носталгија и враќањето на Круз во пилотската кабина на авионот со кој изведува бројни акробации како пилотот Пит Маверик Мичел.

Со филмот „Top Gun: Maverick“, Том Круз оствари најголема заработка во својата 40-годишна кариера и ова е неговиот прв филм кој надмина 100 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето.

Имено, продуцентите ја таргетирале публиката над 40-годишна возраст, демографската група која овој период најмногу се двоуми кога е во прашање враќањето во кино.

Позитивните коментари за филмот треба да допринесат филмот на Круз да допре до помладата публика, онаа која не ни била родена кога „Top Gun“ за првпат беше прикажан пред 36 години.

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN