вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Вака изгледа ќерката на Весна Дедиќ која никогаш не се појавува во јавност (ФОТО)

Вака изгледа ќерката на Весна Дедиќ која никогаш не се појавува во јавност (ФОТО)

Ќерката на Весна Дедиќ одамна тргна по својот пат, таа успешно студира во Холандија, а нејзината мајка не крие колку е горда на неа.

Иако колегите од медиумите со години се обидуваа да ја убедат Весна да се фотографира со ќерката, не успеаја.

Почитувајќи ја желбата на Ленка да не се разоткрива, таа учтиво ги одби сите покани.

21-от роденден на Ленка Милојевиќ беше идеална можност нејзина фотографија да се појави во јавноста.

„Клучот за мојот убав живот, 21 година“, напиша познатата новинарка и писателка со фотографија на која ја гушка ќерка си.

Иако делумно „маскирана“, нема сомнеж дека Ленка ги наследила очите од Весна. Насмеаниот поглед повеќе отколку зборовите кажува дека, иако сега е „возрасна“ според западните стандарди, сепак ужива во нежноста и бакнежите на мајка си.