понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

„Валкан танц“ кој буди емоции: Ваков настап немате видено (ВИДЕО)

„Валкан танц“ кој буди емоции: Ваков настап немате видено (ВИДЕО)

Настапот на танцовата двојка Мајкл и Џовита ја одушеви публиката во полуфиналето од танцовиот натпревар „The Greatest Dancer“ во Велика Британија.

Оти Мабусе, инструкторка по танц, беше готова да се расплаче по настапот во кој двојката на свој, уникатен начин ја изведе темата од филмот „Валкан танц“ (Dirty Dancing) во кој е вклучена кореографијата на познатата песна „The Time of My Life” на Бил Медли и Џенифер Верс, на која ѝ претходеше „Do You Love Me“ на „Контурс“.

Обожавателите не можеа да го скријат одушевувањето и ги преплавија социјалните мрежи со снимки од настапот.

Погледнете го танцот на Мајкл и Џовита и кажете ни дали и вие сте одушевени колку нас?