четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Вечна полемика: Дали „Умри машки“ е најбожиќен филм на сите времиња?

Вечна полемика: Дали „Умри машки“ е најбожиќен филм на сите времиња?

Магазинот Форбс пред неколку години, првото продолжение на филмот „Умри машки“ го прогласи за најбожиќен филм на сите времиња, иако е полн со акција, крв и пцовки. Случувањата во филмот се одвиваат на Бадник.

Секоја година за зимските празници се води толку оваа полемика, дали „Умри машки“ (1988) е божиќен филм?

Иако бројни портали со сместуваат во листата на најдобри божиќни екранизации, некои филмофили не се баш сигурни дека местото му е таму.

-Најбожиќното остварување некогаш е филм во кој не станува збор за Божиќ, ниту премиерата ја имаше на овој празник, но гледачите го поврзуваат во Божиќ, вели филмскиот критичар Мајк Хан.

Поминаа повеќе од 30 години од снимањето на овој акционен филм, а филмското студио Fox 20th Century одлучи да ги запре полемиките, направи нов трејлер за „Умри машки“ претставувајќи го како забавен филм полн со празнично расположение.

И главниот актер Брус Вилис реагираше на новиот трејлер и полемиките околу филмот.

-„Умри машки“ е божиќен филм, заклучи актерот.