петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Вест која ги изненади фановите на „Peaky Blinders“: „Мистер Бин“ ќе ја толкува улогата на Хитлер?

Вест која ги изненади фановите на „Peaky Blinders“: „Мистер Бин“ ќе ја толкува улогата на Хитлер?

Фановите на популарната серија „Peaky Blinders“ се изненадиле поради новостите кои што протекле за шестата сезона.

Имено, светските медиуми ја пренесоа веста дека постои голема можност во новата сезона ликот на Хитлер да го толкува легендарниот Роуан Аткинсон – „Мистер Бин“.

Оваа информација сè уште не е потврдена, но фановите се возбудени поради ваквите вести. Имено, претходната сезона навистина ја постави приказната, така што логично е дека во новата сезона ќе го видиме Хитлер, како еден од позначајните ликови.

Многумина мислат дека ова може да биде одлична шанса за Аткинсон да ги покаже своите големи актерски способности во една посериозна улога, во каква што пошироката јавност ретко го гледа.

Снимањето на новата сеозна ќе почека до наредната година, а постои можност и пред публиката да се најде во 2022-та година.

Порталот „Express UK“ објавил дека Аткинсон веќе се сретнал со продуцентите на серијата и дека моментално се договараат околу улогата.