сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

ВИДЕО: 10 најемотивни сцени од цртаните филмови кои и денес може да ве расплачат

ВИДЕО: 10 најемотивни сцени од цртаните филмови кои и денес може да ве расплачат

Емоциите се чудна работа, може и најситните работи да ги активираат, но дефинитивно многумина не остануваат имуни на емотивните сцени од цртаните филмови.

Голем број луѓе признаваат дека сцените од следните цртани им ги наполниле очите со солзи.

1. Смртта на мајката на Бамби / Bambi, 1942. година

Оваа сцена се смета за една од најшокантните моменти во историјата на филмот, бидејќи децата ги воведува во моментот на родителската смрт на начин на кој претходно не е виден.

2. Смртта на Муфаса / The Lion King, 1994. година

Муфаса се смета за еден од најдобрите татковци во историјата на Дизни цртаните, па сцената на која е прикажана неговата смрт дефинитивно остана трауматична за неколку генерации.

Моментот кога малиот Симба го моли татко му да стане, е една од сцените кои предизвикале најмногу солзи било кога. Многу луѓе велат дека кога го гледаат овој анимиран филм однапред се подготвуваат толку на оваа сцена.

3.Средбата на Дамбо со мајката/ Dumbo, 1941. година

Секој кој го гледал овој цртан може да се сети на трогателната сцена кога слончето Дамбо ја наоѓа својата мајка затворена. Нивната средба предизвикува голем број емоции.

4.Бабата ја напушта малата лисица / The Fox and the Hound, 1981. година

Сцената кога бабата ја напушта малата лисица, а таа тажно гледа како старата вдовица се одалечува е сцената која го одбележи овој цртан.

5.Смрт на мајката на малиот диносаурус/ The Land Before Time, 1988. година

Трогателната разделба на мајката и синот диносаурус претставува една од сцените на кои никој не може да остане рамнодеушен. Знаејќи дека ќе умре, своите последни минути ги користи да му помогне на својот син и му дава важни информации за тоа како да стигне до Големата долина.

6. Исмејувањето и физичкиот напад на Квазимодо/ The Hunchback of Notre Dame, 1996. година

Анимираниот филм за судбината на Квазимодо важи за цртан со најкомплексна приказна.

Добро познатиот главен лик кој е осудуван и дискриминиран поради својот физички изглед, одлучува да учествува на познат фестивал и да ја импресионира саканата Есмералда.

Иако има добри моменти, кулминација настанува кога слугите на Фроло почнуваат да фрлаат по него со домати и јајца, со што цела маса народ ја вртат против него.

7. Разделбата на Карл и Ели / Up, 2009. година

Петминутниот живописен времеплов го покажува запознавањето, раѓањето на љубовта и сите убави и тешки моменти низ кои поминуваат единствените Карл и Ели.

8. Простувањето од Снежана/ Snow White and the Seven Dwarfs, 1937. година

Сцената во која седумте неутешни џуџиња се соочуваат со смртта на својата Снежана е меѓу првите најемотивни сцени во цртаните филмови.

9. Жртвување / Lady and the Tramp, 1955. година

Се уште кај многумина ѕвони во ушите крикот на Џок кога го гледа својот пријател како беспомошно лежи на улица под големите автомобилски тркала.

За среќа стариот и мудар пријател брзо се опоравува.

10. Ариел ја гледа венчавката на принцот Ерик и Урсула / The Little Mermaid, 1989. година

Негативецот во овој анимиран филм е претставен како црн страшен октопод по име Урсула, а претставува кошмар за многу генерации.

Сцената кога малата борбена Ариел го гледа бродот кој се одалечува, додека се збогува од љубовта сфаќа дека целиот нејзин труд пропаднал, претставува еден од најтрогателните моменти.