По речиси 30 години пауза, популарната музичка серија за деца „Дајте музика“, повторно ќе започне да се снима.
Серијата со која пораснаа голем број генерации, а се прикажуваше на Македонската телевизија, беше во режија на Лазар Паковски и Миле Гроздановски и најавна шпица со Ристо Самарџиев.
Повторното снимање започнува од страна на актерската школа на Весна Петрушевска под стајлинг водство на Цаци Паковска.