Петатта сезона на регионалното хуманитарно шоу „Твоето лице звучи познато“ започна во петок, а во следните неколку месеци учесниците од претходните сезони ќе имаат задача да се најдат во улога на некоја позната ѕвезда.
Во музичкото шоу ќе учествува и македонскиот победник на „ТЛЗП“, Даниел Кајмакоски.
Даниел истакна дека во претходната сезона најтешка имитација му била онаа кога требаше да се најде во улогата на Мајкл Џексон.
Во првата емсиија, на Даниел му се паднa да го имитира Хју Џекмен од насловна песна на филмот „The Greatest showmen“.
-Мислам дека е многу тешка улога и дека треба добро да се подготвам за тоа. Целата кореографија, целиот настап е фантастичен и „ТЛЗП“ заслужува еден такот настап, истакна Кајмакоски.
Со маска со која наликува на Хју и целосно кореографија на сцената, Кајмакоски успеа одлично да се снајде во оваа улога.
-Даниел е секогаш фантастичен пејач, вечерва добро играше. Слушнав дека-си бил фантастичен во сезоната во која победи. Многу ми се допаѓа се што правиш и верувам дека допрва ќе доминираш во ова шоу програма, истакна Гоца Тржан.
Пофални зборови за Даниел имаа и останатите членови на жирито и истакнаа дека Кајмакоски имал фасцинантен настап.
Во следната емисија Даниел ќе има задача да ја имитира Тејлор Свифт.