среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

ВИДЕО: „Џокер“ му го донесе првиот Оскар на Феникс за најдобра машка главна улога

ВИДЕО: „Џокер“ му го донесе првиот Оскар на Феникс за најдобра машка главна улога
JKR_DAY056_120418_1251888.dng

Американската филмска академија му додели Оскар за најдобра машка главна улога на Хоакин Феникс за брилијатното остварување во „Џокер“, негов прв Оскар.

Иако конкуренцијата била силна, според оценките на критичарите Феникс бил апсолутен фаворит.

-Не се чувствувам подобар од своите колеги, бидејќи делиме иста љубов кон филмот и овој начин на изразување кој ми донесе неверојатен живот. Не знам каде би бил да ја нема глумата. Бев никаков, некогаш бев груб, некогаш тежок за соработка. Многумина кои се во оваа просторија ми дадоа втора шанса, истакна тој по превземањето на статуетката.

Говорот го заврши со лична исповед во која го спомена и својот починат брат.