Младите момци Леонард и Чарли познати како Барс и Мелоди во 2014 година го освоија третото место на шоуто „Британија има талент“ откако го воодушевија жирито со својата оригинална песна, за што од Сајмон Кауел кој важи за најстрог меѓу жири членовите, добија златно копче.
Тие го продолжија патот во музиката, а годинава се претставија во шоуто „Америка има талент“ кое оваа сезона на едно место ги собра сите изминати победници и натпреварувачи кои се издвоиле со текот на годините.
Барс (19) и Мелоди (21) повторно пред публиката и жирито се претставија со својата песна, но овојпат разочараа. Еден член на жирито разочаран од нивниот настап им притисна црвен тастер. И останатите членови немаа пофални зборови за нив.
Како изгледаше настапот погледнете во продолжение.