четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

ВИДЕО: Малата Виктори ја освои публика, поради неа Сајмон Кауел го прекрши важното правило на АГТ

ВИДЕО: Малата Виктори ја освои публика, поради неа Сајмон Кауел го прекрши важното правило на АГТ

Девет годишната Виктори Бринкер ги сруши сите правила на шоуто „Америка има талент“.

На нејзиниот глас и неверојатна изведба никој не можеше да остане рамнодушен. Настапот и’ беше проследен со овации од публиката од почеток до крај и никој не можеше да верува дека толку моќен глас има толку мало девојче.

Токму поради нејзиниот неверојатен глас, Сајмон одлучи да се консултира со водителот и да прекрши важно правило. Имено, за љубителите на ова шоу е добро познато дека секој член на жирито и водителот само еднаш може да го пристисне таканареченото „златно копче“ кое натпреварувачот го пласира директно во настапите во живо, надминувајќи ги автоматски останатите елиминациски циклуси.

Бидејќи, оваа можност веќе сите ја имале искористено, Сајмон одлучи за прв пат во историјата на АГТ сите членови на жирито и водителот заедно да го притиснат копчето и да ја наградат малата Виктори.