недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

ВИДЕО: Натпреварувач се самозапали среде шоу, жирито во шок

ВИДЕО: Натпреварувач се самозапали среде шоу, жирито во шок

Еден натпреварувач во шоуто „Britain’s Got Talent“ ги шокирал членовите на жирито, но и гледачите покрај малите екрани откако во текот на својата точка се запалил на сцената.

Членовите на жирито Сајмон Кауел, Аманда Холден, Бруно Туниоли и Алеша Диксон не можеле да им веруваат на своите очи додека Американецот Томас Ву го изведувал својот опасен трик.

Имено, Томас решавал Рубикова коцка, но тоа го правел додека бил во пламен. Иако бил прекриен со гел отпорен на оган, многумина не го знаеле тоа и ваквиот потфат ги шокирал.

Пред својот настап, 35-годишниот Ву кој претходно учествувал и во „America’s Got Talent“ изјавил: „Сакам да му покажам на светот дека Рубиковата коцка може да биде многу интересна“.

Томас, за среќа, завршил без повреди и обезбедил 4 „да“ од жирито – што значи дека прошол во следниот круг од натпреварувањето.

Членовите на жирито шокирано го гледале, а додека повеќето гледачи на социјалните мрежи го споделиле своето чудење, некои го фалеле поради наизглед „неверојатниот потфат“.

Меѓутоа, имало и такви кои веднаш по емитување на емисијата ја критикувале „опасната точка“ која ја окарактеризирале како „потполно неприфатлива за семејна програма“.