сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

ВИДЕО: Објавен трејлерот за новата сезона на „Круна“

ВИДЕО: Објавен трејлерот за новата сезона на „Круна“

Објавен е долгоочекуваниот трејлер за петтата сезона на серијата „The Crown“ на Нетфликс.

Дејствието се одвива во турбулентните 90-ти и го следи почетокот на крајот на бракот на принцот Чарлс и принцезата Дајана, но нема да ја прикаже нејзината смрт.

Што се однесува до приватниот живот на кралското семејство, петтата сезона ќе се занимава со заладените односи меѓу принцот Чарлс и принцезата Дајана, како и притисокот што Чарлс го вршел врз кралицата да не дозволи да се разведе од Дајана.

Како што се шират гласини за статусот на врската на Чарлс и Дајана, медиумите ѝ посветуваат сè поголемо внимание, па Дајана решава да го прекрши протоколот и да објави книга што ја поткопува јавната поддршка за Чарлс и ги разоткрива проблемите во „Виндзор“.

Во новата сезона ќе се појават и Мохамед ал-Фајед и неговиот син Доди Фајед, кои сакаат да добијат „место на кралската маса“, според официјалниот опис на Нетфликс.

Петтата сезона на „Круната“ нема да ја прикаже трагичната смрт на Дајана во 1997 година, туку тој настан ќе биде во шестата сезона, која моментално се снима.