петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

ВИДЕО: Објавен трејлерот за новото продолжение на „Џон Вик“

ВИДЕО: Објавен трејлерот за новото продолжение на „Џон Вик“

Официјалниот трејлер за четвртото продолжение на „Џон Вик“ е објавен, по што стана јасно дека повторно ќе има многу возбудувања.

Според трејлерот, Кијану Ривс е повторно одвлечен во темниот свет за да ги исправи грешките од минатото.

Синопсисот за новиот филм открива дека Вик „го наоѓа патот до победата“ над организираната криминална организација со која постојано се бори.

Објавениот трејлер започнува со Вик кој ја оплакува својата мртва сопруга.

Во тек се и подготовки за петтото продолжение на популарниот филм.