четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

ВИДЕО: Ова е најгледаниот филм на Нетфликс

ВИДЕО: Ова е најгледаниот филм на Нетфликс

Акциониот трилер „Срце од камен“ (Heart of Stone) во мигов е најгледаниот филм на Нетфликс. Објавен на 11 август, овој трилер на стрим-платформата има вкупно 33,1 милион часови гледаност.

Филмот е во режија на Том Харпер, а сценариото го напишаа Грег Рака и Алисон Шредер. Во филмот, Гал Гадот ја глуми Рејчел Стоун, хакерка која работи за британската тајна разузнавачка служба МИ-6, а нејзиниот тим се состои од агентите Паркер (Џејми Дорнан), Јанг (Џинг Луси) и Бејли (Пол Реди). Но, МИ-6 не знае дека Стоун е шпион кој работи за тајната организација „Повелба“.

„Срцето“ во филмот е најмоќната вештачка интелигенција на светот, којашто можеби ги има одговорите на заканите за светот. Но, „Срцето“ може и да се злоупотреби…

Иако трејлерот и содржината привлекоа големо внимание, филмот засега има оценка од само 5,7 / 10 на ИМДБ. На „Ротен томатос“, пак, 32 отсто од критичарите го препорачуваат, а од гледачите – 61 отсто.