Американската актерка и комичарка Кети Грифин безброј пати ги воодушевила гледачите ширум светот, но и ги шокирала.
Она што се случило за време на преносот во живо на CNN на новогодишната ноќ пред неколку години, веројатно спаѓа во втората категорија.
Грифин и долгогодишниот репортер на „CNN“, Андерсон Купер, известувале во живо од главниот плоштад во Њујорк.
Сè одело според планот додека Грифин премногу не се занела и очигледно заборавила дека е пред ТВ камерите на една од најгледаните светски телевизиски станици.
Во еден момент клекнала и се преправала дека орално го задоволува својот колега Купер, кому во еден момент очигледно му било непријатно. Но, тој бил навикнат на нејзините вакви сцени.
Новинарот и водител на „CNN“ дури однапред се извинил на Твитер за однесувањето на неговата колешка што ќе следи, знаејќи дека таа е склона кон такви работи.
Покрај сето тоа што го правела, Кети дури рекла и дека „тоа може да го прави цела ноќ“.