среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

ВИДЕО: Сајмон не можеше да се смири, хор го расплака жирито пеејќи ја песната на Nightbirde

ВИДЕО: Сајмон не можеше да се смири, хор го расплака жирито пеејќи ја песната на Nightbirde

Хор од Јужна Африка со својот настап го расплака Сајмон Кауел, кој важи за најстрогиот член на жирито во шоуто „Америка има талент“.

Овие момци и девојки се претставија со песната „It’s ok“ и на тој начин и оддадоа почит на Џејн Марцзевски која е авторка на песната.

Сајмон по нивниот настап не можеше да ги задржи солзите, а заедно со останатите членови од жирито, на барање на публиката во салата, одлучија да го притиснат златното копче.

За потсетување, Џејн настапи во АГТ пред две години кога со својата песна и приказна го воодушеви Сајмон кој го притисна златното копче. Џејн тогаш кажа дека боледува од карцином и докторите и дале само 2% шанса за да преживее. Со нејзиниот позитивен став ги остави сите без зборови, а за нејзиниот настап и порака дозна целиот свет.

-Не можете да чекате животот да престане да биде тежок за да одлучите да бидете среќни, изјави Nightbirde по нејзиниот настап во 2021 година.

Џејн во меѓувреме мораше да се откаже од понатамошното натпреварување поради здравствената состојба и за жал почина во февруари минатата година на 31 година.