„Шоуто на Елен Деџенерис”, кое ги забавуваше Американците уривајќи стереотипи и беше домаќин на најголемите ѕвезди, заврши по 19 сезони и повеќе од 3.000 епизоди.
По нејзиниот успех како комичар во 1980-тите, Деџенерис се прослави со серијата „Елен“, во којашто во 1997 година стана првиот лик од ТВ-серија кој ја призна својата хомосексуална ориентација. Прва гостинка во 2003 година беше глумицата Џенифер Анистон, која се појави и во последната епизода како прва гостинка.
Најголемите холивудски ѕвезди често гостуваа во ова „ток-шоу“, коешто се здоби со популарност и во поконзервативните делови на Америка.
Шоу-ѕвездата вели дека емисијата веќе не ѝ е предизвик. Таа го водеше ток-шоуто 19 години.
На почеток од снимањето на последната епизода, по долготрајниот аплауз од присутната публика, Елен не успеа да ги задржи солзите. Таа го одјави шоуто на истиот начин на кој и ја започна првата сезона.
Водителката-комичарка вели дека емисијата се прекинува затоа што луѓето ја изживеале, но многумина сметаат дека вистинската причина е „штетната работна атмосфера“ на снимањето, како и обвинувањата за сексуални напади, вознемирување и расизам. И главните продуценти пред извесно време изјавуваа дека средината во којашто се снима е лоша. Елен Деџенерис не беше директно обвинета, но е огорчена што дозволила да се создаде таква работна атмосфера во нејзиниот ТВ-тим.