Она што на почеток изгледаше како дел од сценариото, набрзо беше јасно дека е вистински скандал меѓу актерите Крис Рок и Вил Смит.
За Вил Смит беше навреда кога колегата Крис Рок му рече дека неговата сопруга Џада Пинкет може да ја игра „Г.И.Џејн“ во вториот дел зошто немаше коса, па стана и му удри шлаканица на сцената.
Вил Смит продолжи со пцовки кон колегата велејќи да престане да го изговара името на неговата сопруга.
Невкусната шега на Крик Рок беше навредлива за Вил Смит и за Џада која уште лани отворено зборуваше дека има агресивна форма на алопеција што довело да ја изгуби косата за еден ден, а потоа воопшто да не и поорасне и дека за тоа нема лек.
За време на рекламите, актерите Дензел Вашингтон и Тајлер Пери го смируваа Вил Смит и сопругата Џада која беше видно потресена и плачеше, а по неа се расплака и нејзиниот сопруг.
Вил Смит потоа го освои Оскарот за најдобар актер во главна машка улога за улогата на Ричард Вилијамс, таткото на тенисерските легенди Серена и Венус Вилијамс во филмот „Кралот Ричард.“. Беше видно потресен и одржа емотивен говор.