По осум сезони доаѓа крај на познатото шоу „The Late Late Show with James Corden“.
Во последната епизода, пејачката Адел која е добра пријателка со Џејмс Корден, доаѓа во неговиот дом за да го разбуди и таа да го однесе до работа за последното шоу.
Адел го прашува Џејмс за неговите спомени како домаќин на шоуто, Carpool Karaoke и значењето на неговото завршување.
И двајцата се емотивни размислувајќи за нивното пријателство и времето кога биле таму еден за друг.
-Ќе ми недостасува се’. Потценив колку многу пријателства создадов со шоуто. Ќе ми недостасува сето тоа. Но, време е да се посветам на семејството, со оглед на годините кои доѓаат и возраста на некои членови на семејството, време е да одам дома, истакна Џејмс.