петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

„Задруга 2“ од вечерва се емитува ексклузивно на Алфа ТВ во Македонија

„Задруга 2“ од вечерва се емитува ексклузивно на Алфа ТВ во Македонија

По успешната прва сезона на реалното шоу „Задруга“, неодамна започна и новата „Задруга 2“ кое во Република Македонија ексклузивно ќе се емитува на Алфа телевизија.

Првото вклучување во најголемото реално шоу на Балканот кое го гледаат над 5 милиони луѓе, за македонската публика ќе се случи вечерва во 20:30 часот .

Сите збиднувања, разговори, кавги, озборувања, другарувања, расправии, пресметки, љубовни афери, секс партии… и сето она што може да го привлече и задржи вашето внимание за она што им се случува на Луна и Адам Ѓогани, Станија, Зерина Хечо, Миљана, Александра Суботиќ, Цобе, Боро – Сантана, Давид Драгојевиќ, Доротеа, Наташа – Москва… и останатите помалку или повеќе познати фаци во „Задруга 2“, отсега во Македонија само на „Алфа ТВ“!

Покрај станарите кои веќе се наоѓаат таму, мината недела ним им се приклучи и нашата Елеонора Миљковиќ.

Дали раскошната македонска убавица ќе се вљуби во некого и во кого, со кого ќе се зближи или скара, кој ќе посака да му биде девојка, а кој(а)  пријателка… Гледајте ексклузивно на ТВ Алфа.

Вистина.мк