Ангелискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед на својата официјална веб-страница објави дека потпиша нов договор со младиот талент Ентони Еланга. Новиот договор ќе го задржи Еланга на „Олд Трафорд“ до летото 2026 година.
Ентони Еланга има 19 години и игра на позиција лево крило. Шведскиот младински репрезентативец дојде во фудбалската академија на „Црвените ѓаволи“ во 2014 година.
За првиот тим на англискиот гигант досега има одиграно вкупно 5 натпревари и 1 постигнат гол.