среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Познати термините за евролигашката сезона, завршниот турнир во Берлин

Познати термините за евролигашката сезона, завршниот турнир во Берлин

Следната сезона вошаркарската  Евролигата ќе започне на петти октомври, а ќе заврши со финалниот натпревар на „фајнал-фор“ турнирот, на 26 мај следната година во Берлин, објавено е на веб-страницата на елитното кошаркарско натпреварување.

Новата сезона ќе започне со првото коло закажано за 5 и 6 октомври, додека лигашкиот дел ќе заврши на 11 и 12 април. Плеј-ин серијата ќе се игра на 16 и 19 април. Четвртфиналната серија ќе започне на 23 и 24 април, а ќе заврши на 30 април или најрано на 1 мај, а најдоцна на 8 мај.

„Фајнал-фор“ турнирот е закажан за периодот од 24 до 26 мај во Берлин. Што се однесува до двојните недели, ќе ги има седум. Во наредните денови се очекува Евролигата да го објави комплетниот распоред на натпревари на сите клубови за следната сезона.

Титулата ја брани Реал Мадрид, кој го освои пехарот на Ф4 во Каунас.