петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ВИДЕО: Феникс испушти +19, Дурант му подари победа на Сан Антонио

ВИДЕО: Феникс испушти +19, Дурант му подари победа на Сан Антонио

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс славеа минимално во драмата кај Феникс Санс со 114-115), за втора сезонска победа во НБА лигата. Иако домаќинот во „Футпринт Центарот“ имаше сè во свои раце, Кевин Дурант со аматерска грешка подари победа на противникот, а потоа и промаши шут за пресврт.

Феникс Санс – Сан Антонио Спарс:

Спарси бркаа негатива буквално низ целиот натпревар, а на крајот победија со единствениот кош за водство. Феникс има за што да жали, имаше предност и од највисоки 19 поени разлика за на крајот болно да загуби. Иако изгледаше дека во последните 4-5 секунди „сонцата“ се одбранија и ќе запишат победа, Дурант премногу лежерно ја држеше топката и Келдон Џонсон му ја украде, па положи за 114-115. Остана уште секунда до крајот и на спротивната страна Кевин Дурант беше удвоен и го промаши завршниот шут. Токму Џонсон беше најефикасен играч на мечот со 27 поени, а Дурант финишора со еден помалку.

Лос Анџелес Клиперси беа сигурни и во исчекување на дебито на Џејмс Харден го совладаа Орландо дома со 118-102. Пол Џорџ диригираше, имаше одлична партија и со 27 поени го водеше тимот до победата. Вестбрук му помогна со 18, додека по 17 поени уфрлија Ниланд и Пауел. Во таборот на Орландо пак најефикасен беше Банчеро со 15 поени.

Лос Анџелес Клиперс – Орландо Меџик:

Гостинско славје запиша Њујорк Никс кај Кливленд Кавалирс (91-109).