недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Игралиште за кошарка почна да се гради во Мралино во општина Илинден

Игралиште за кошарка почна да се гради во Мралино во општина Илинден

До подрачното училиште „Ристо Крле“ во населеното место Мралино, Општина Илинден денеска почна да гради игралиште за кошарка, со димензии 15 на 15 метри.

-Со изградбата на игралиштето ќе се збогати училишниот двор со уште еден уреден спортски терен кој ќе биде од особено значење за спортскиот живот и подобрување на наставата по физичко и здраствено образование на учениците. Играта на баскет односно уличната кошарка претставува еден вид традиција и урбана култура во општина Илинден. Со изградбата на спортските игралишта уште еднаш ја покажуваме поддршката во спортот, бидејќи само низ игра, рекреација и спорт, децата и младите го развиваат духот на пријателството, соопшти Општина Илинден.

Општината додава дека и во наредниот период ќе продолжи со поддршка на спортот и реализација на инвестиции во спортската инфраструктура и во останатите населени места.