понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп вели дека е најсилно невреме во историјата: Монструм ураганот ја удира Америка, 10 милиони луѓе на неговиот пат (ФОТО+ВИДЕО)

Трамп вели дека е најсилно невреме во историјата: Монструм ураганот ја удира Америка, 10 милиони луѓе на неговиот пат (ФОТО+ВИДЕО)

Властите во Јужна и Северна Каролинја ги затвораат пристаништата пред налетот на ураганот Флоренс, кој се приближува кон нивните брегови. Претседателот на САД кажа дека ова би можел да биде еден од најсилните урагани кои некогаш го погодиле источниот брег.

Претседателот на Америка, Доналд Трамп уште еднаш повтори дека заштитата на животите е најголем приоритет и ги повика оние кои живеат на патот на ураганот да ги послушаат наредбите за евакуација.

Предупредување за голема опасност од ураганот Флоренс добиле повеќе од десет милиони жители во три американски држави, соопшти американската Национална метеоролошка служба.

Во Северна Каролина за комерцијален сообраќај се затворени пристаништата Вилмингтон и Морхед, додека во Јужна Каролина затворено е пристаништето во Чарлстон за превоз на контејнери.

Можеби единствена малку добра вест за жителите на овие региони е информацијата дека ураганот Флоренс ослабел и сега се квалификува како ураган од трета категорија, соопшти вчера Националниот центар за урагани на САД, но тој и понатаму се смета за доста опасно.

Од Центарот додаваат дека и понатаму постои сериозна опасност по животите на луѓето, поради обилните врнежи и налетот на силно невреме.

Ураганот се наоѓа на околу 750 километри од Миртл плажата во Јужна Каролина, а забележани се ветришта од 205 километри на час, пренесува Ројтерс.

Во меѓувреме, електроенергетската компанија Дјук Енерџи соопшти дека поради ураганот без струја би можеле да останат три четвртини од нивните четири милиони корисници во Јужна Каролина и Северна Каролина, пренесува АП. Компанијата исто така ги предупреди граѓаните дека прекинот во снабдувањето  со струја би можел да трае со недели.