Вкупно четири лица починале од Западнонилска треска изминатава недела во Романија, соопштија денеска локалните здравстевени власти.
Со последните случаи, вкупниот број на жртви на оваа болест во Романија се зголеми на 21.
Националниот институт за јавно здравје денеска соопшти дека има 30 нови случаи на заболени со Западнонилска треска. Се истакнува и дека сите починати имале други здравствени компликации.
Министерството за здравство ги повика локалните власти да преземат мерки за да се спречи ширење на Западнонилската треска, додавајќи дека бројот на заболени ќе се намали со намалување на температурата на воздухот.