среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев во Виница: Оваа власт го разочарува народот и нема да трае долго

Ѓорчев во Виница: Оваа власт го разочарува народот и нема да трае долго

Масовна поддршка доби ВМРО-ДПМНЕ во Виница при посетата на пратеникот од опозицијата Владимир Ѓорчев. На средбата со Ѓорчев присуствуваа голем број членови и симпатизери на партијата, но и неопределени гласачи кои не се согласуваат со политиките на актуелната власт.

Ѓорчев при посетата на Виница посочи дека оваа власт од ден во ден се повеќе го разочарува народот и токму поради тоа владеењето на СДСМ нема да трае долго. Ѓорчев потенцираше дека покрај незадоволството на граѓаните од договорот со Грција за промена на името, граѓаните не се задоволни од економијата и кадровските промашувања. Проекти нема, вели Ѓорчев споменувајќи ја катастрофалната реализација на капиталните инвестиции и секојдневното задолжување, без да знаеме за што се трошат парите.

Разочарувањето кај граѓаните од лошите политики на власта на СДСМ е огромно. Тоа го покажуваат и последните анкети кои покажуваат дека рејтингот на опозицијата вртоглаво расте, а на СДСМ се намалува. Ова е евидентно и од собирите кои ги организира власта и ВМРО-ДПМНЕ. Од ден во ден гледаме се поголем број на граѓани на партиските собири на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, додека на владините собири гледаме само фијаско.

 

 

Најнови вести