понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Попов: „Евро“ споменик е симболот на единствената европска вредност која ја разбира Зоран Заев

Попов: „Евро“ споменик е симболот на единствената европска вредност која ја разбира Зоран Заев

Овој споменик е симболот на единствената европска вредност која ја разбира Зоран Заев. Тој од Европа најдобро се снаоѓа со еврото и тоа изразено токму со оваа вредност од едно евро, ова денеска на пресконференција го истакна Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

-На групата уметници кои го изработиле овој споменик им ја честитаме нивната иновативност, но истовремено им порачуваме да го обезбедуваат максимално за да не заврши во една од менувачниците на југот, бидејќи на тој начин ќе им создадат дополнителни главоболки на Јавното обвинителство кои ќе мора да наоѓаат нови правни преседани во правната пракса. Ова евро е само едно од милионите евра што завршија во џебовите на функционерите на СДСМ, било па пат на иновативност, било по пат на државни тендери доделени на фирмите на вицепремиерот Анѓушев, тендерот во здравството вреден 35 милиони евра и уште десетици други. Ако ЕВРОТО зад нас го снема, јавноста и надлежните органи треба да го побараат или во Струмица или во Влада, рече Попов.

Најнови вести