вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ајкула усмрти 25- годишен маж: Спасувачи го извлекле од водата, но починал во болница

Ајкула усмрти 25- годишен маж: Спасувачи го извлекле од водата, но починал во болница

Еден 25-годишен маж го загуби животот, откако бил нападнат од ајкула во близина на брегот на градот Велфлит во американската сојузна држава Масечусетс.

Како што јави ДПА, мажот влегол да се капе во водите на Атлантскиот Океан, занемарувајќи ги таблите со предупредување, кои укажувале на опасност од ајкули.

Спасувачите екипи успеле да го извлечат мажот од водата, но тој набрзо во болница им подлегнал на здобиените повреди од угризите на ајкулата.

Еден експерт за ајкули за американките медиуми изјави дека морскиот пес го нападнал мажот најверојатно мислејќи дека станува збор за фока.

Според податоците на веб страницата sharkattackdata.com, ова е прв напад на ајкула врз човек во водите на Атлатскиот Океан крај северниите делови на источнот американски брег по 1936 година.