понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Оливер Спасовски мора да си замине и да поднесе оставка од морални причини

ВМРО-ДПМНЕ: Оливер Спасовски мора да си замине и да поднесе оставка од морални причини

Оливер Спасовски мора да си замине и да поднесе оставка од морални причини, стои во денешната рекација на ВМРО-ДПМНЕ во врска со сопштението на МВР по повод изјавата на Димче Арсовски.

-МВР не одговара дали имале информации за незаконски дејствија од страна на полицискиот службеник пред да го изврши бруталното убиство и како постапиле. МВР не одговара доколку немале, зошто немало и кој ќе преземе одговорност. МВР не одговара дали полицаецот e брутален убиец, имал ли психичко нарушување и дали политичките врски му помогнале да ги помине здравствените прегледи. Залудно Оливер Спасовски се обидува да ја убеди јавноста дека е нормално полициски службеник да застрела човек и потоа да го запали. Додека МВР лаже дека законот важи подеднакво за сите, граѓаните ја плаќаат цената со сопствените животи. Затоа се исплашени, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата стои дека убиецот на младиот Мартин Јанушев е на слобода, а сега Спасовски бега од одговорност и од ова грозоморно убиство извршено од негов службеник кој треба да ги брани граѓаните. Време е Спасовски да си се посвети на неговата политичка определба и срамен ангажман за промена на името и да остави професионалци во МВР да ја водат работата. Инцидентите зачестуваат, а безбедноста е се полоша и граѓаните се поисплашени, се наведува во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести