недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Роден е без пенис, а на 45 години прв пат имаше секс: Сега си ја отвори душата пред јавноста (ВИДЕО)

Роден е без пенис, а на 45 години прв пат имаше секс: Сега си ја отвори душата пред јавноста (ВИДЕО)

Мажот роден без полов орган прв пат во животот имал сексуален однос на 45 години, благодарение на бионичкиот полов орган кој чини 60.000 евра.

Ендрју Вардл се родил без полов орган па неодамна имал операција која траела 10 часа, за да му вградат вештачки полов орган прекриен со кожа која лекарите му ја пресадиле од раката.

Откако целиот живот бил невин, Ендрју се впуштил во сексуални односи со својата девојка Федра Фабијан.

-Тоа е фантастично. По се што минавме јас и Фреда, ова ни дојде како вишна на шлагот, рекол тој за „The Sun“, по својот прв сексуален однос кој траел 30 минути.

Ерекцијата ја постигнува со помош на копче кое се наоѓа во неговите препони и го полни органот со физиолошки раствор.

Открива дека двајцата се надеваат дека со време ќе можат да станат и родители.

-Би сакале да имаме две деца, но нема брзање. Пред некое време ми понудија тестирање за плодност, но мислев дека тоа е преголем притисок пред операцијата. Ќе го направам тој тест еден ден, но ако не можеме да имаме сопствени деца, ќе посвоиме, рекол Вардл.