вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Осумгодишно дете нашло екстази кај татко му, им дало на другарчињата мислејќи дека се бонбони- еве ги деталите

Осумгодишно дете нашло екстази кај татко му, им дало на другарчињата мислејќи дека се бонбони- еве ги деталите

Едно осумгодишно дете, кое ги нашло скриените таблети екстази на својот татко, им ги поделил на своите другари, мислејќи дека тоа се бонбони.

Момчето од индонезиската провинција Ријау, открил зелени апчиња во колата на неговиот татко и потоа им ги понудил на другарите кои со него одат во основно училиште. Групата деца била на возраст меѓу седум и девет години.

Според локалните медиуми, две момчиња одбиле да ги изедат „бонбоните“, бидејќи не им се допаѓал нивниот непријатен вкус.

Но, оние кои земале набрзо се нашле во болница, жалејќи се на главоболка и вртоглавица.

„Децата мислеле дека тие зелени апчиња се бонбони. Ги скршиле на пола и си ги поделиле меѓу себе. По кратко лечење, децата сега се чувствуваат добро“, изјави портпаролот на локалната полиција Сунарто.

Таткото на детето кое ги пронашло екстази признал дека дрогата е негова, по што е уапсен. Тој би можел да биде обвинет за занемарување на деца и загрозување на нивните животи.