Папата Франциско пред младите Французи кажа дека сексот е голем дар од Бог, а не табу и дека треба да биде исполнет како животна, страствена љубов меѓу маж и жена.
Папата пред група млади католици од бискупијата во Гренобл повика да ја заштитат својата сексуалност од порнографија и други искушенија кои го одвојуваат сексот од љубовта.
Тој призна дека луѓето „паѓаат“ и прават гревови, но дека тоа не е „сексуалност од љубов“.
Според неговите зборови, сексот е дар од Бог, а не табу и има две цели- искажување љубов и створување живот.
Црквеното учење брани секс пред бракот и полови односи дозволува само меѓу сопружници.
Црквата се противи и на вештачката контрацепција.