сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јужнокорејскиот претседател засади дрво во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател засади дрво во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин, кој се наоѓа во Пјонгјанг на серија средби со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, денеска посади дрво во дворот на резиденцијата во која престојува за време на посетата на главниот град на Северна Кореја.

На садењето на дрвото Мун беше придружуван од потпретседателот на севернокорејската владејачка Работничка партија на Кореја, Чој Јонг-хе, кој му помагаше при засадувањето и полевањето на дрвото Лабурнум (Laburnum anagyroides).

Лабурнумот, кој е познат и под името „златен дожд“, има светло жолти цветови и во многу земји во Источна Азија се смета за симбол на богатство и благосостојба.

По засадувањето на дрвото Мун изрази надеж дека ќе дојде и до „процут на корејските билатерални односи“.