недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мун во Пјонгјанг: Да го отфрлиме непријателството и да се обединиме

Мун во Пјонгјанг: Да го отфрлиме непријателството и да се обединиме

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин одржа говор во Пјонгјанг, со кој ги повика илјадниците Севернокорејци да се стави крај на 70-годишното непријателство и да се изгради иднина на мир и просперитет.

– Живеевме заедно 5.000 години, а одвоено 70 години. Сега предлагам во целост да го отфрлиме непријателството од изминатите седум децении и да направиме голем чекор напред кон мир, со цел повторно да станеме едно, порача Мун.

Тој и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со сопругите синоќа присуствуваа на масовните игри „Славна земја“ на стадион во Пјонгјанг, гледајќи настап на илјадници изведувачи.

Јужна Кореја соопшти дека овие игри привлекле околу 150.000 гледачи.

Лидерите на двете Кореи денеска ја посетија и светата вулканска планина Паекту. Тие заедно со сопругите со жичара се искачиле до кратерот на врвот на вулканот.

Мун  при тоа рекол дека односите меѓу двете Кореи би требало да се подобрат за да можат што повеќе Јужнокорејци да го посетат вулканот. Тој денеска попладне ќе се врати во Сеул.